29.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Повторно никој не верува во Хамилтон – Екстремно високи се квотите за Британецот да биде на пол-позиција

Луис Хамилтон има кошмарен почеток на новата Формула 1 сезона и по две извозени трки е далеку од борбата за титулата.

Викендов на програмата е трката за големата награта на Австралија на патеката „Алберт Парк“, каде што утре изутрина од 06 часот ќе се возат квалификациите.

За да биде седумкратниот светски првак на пол-позицијата, од Sport Life неверојатна квота која изнесува точно 19. За да биде, пак, во топ три по квалификациите, коефициентот за Хамилтон изнесува 3.50.

Меѓу главните фаворити во квалификациите, но и на трката е Маке Ферстапен кој за да биде на чело на стартот од трката, има квота од 2.55.

Возачот на Ферари, Шарл Леклерк има најмала квота за да тргне од лидерското место и таа изнесува 2.40.

- Оглас -

Најнови вести