Повторно потфрли еден од омилените тимови на обложувачите

Шкотскиот гигант Селтик одигра само 1-1 на свој терен против Сент Џонстон, и повторно разочара голем број на обложувачи во Македонија и светот. Селтик кој е еден од омилените клубови за типување бидејќи ретко кога киксира, барем така беше некогаш, но во последно време е во очајна форма.

Селтик има само една победа во последните пет кола во шкотската Премиерлига. Сега Селтик има 13 бода помалку од лидерот Ренџерс, но и два меча помалку. И да ги добие заостанатите средби, Селтик ќе има минус од 7 бода зад вечниот ривал, а тоа е тешко достижна разлика ако се знае дека нема многу места на кои Ренџерс може да загуби бодови.

- Оглас -

Најнови вести