Повторно Шпанец ќе го води РК Вардар!

Европскиот ракометен шампион Вардар во следните две години од клупата ќе го води шпанскиот тренер Давид Хосе Писонеро (46). Тој ќе је преземе екипата на „црвено-црните” летово и ќе ги води Вардарци во одбрана на европската титула.

Писонеро доаѓа од Валјадолид, каде што беше тренер последниве две сезни. Претходно бил играч 12 години, од кои девет сезони како дел од Валјадолид, Кантабрија и Адемар Леон.

Како тренер почнал во Валјадолид и му бил тренер и на Фернандо Хернандез. Во помладите категории бил првак на Шпанија со кадети и младинци. Бил и со репрезентацијата на Шпанија како дел од младинскиот тим на СП 1993 година во Египет.

Како играч двапати го освои Купот Асобал со Кантабрија и Валјадолис и неколку пати бил вицепрвак во неколку натпреварувања, вклучувајќи го Купот на ЕХФ и Купот на градовите, и тоа двапати со Валјадолид. Со Сантандер го освои Клупскиот светски куп во 1997.

Од активно играње се откажа во мај 2003 година на 30-годишна возраст.

„Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите“, изјави Давид Хосе Писонеро.

 

- Оглас -

Најнови вести