Повторно сомнеж за наместен меч во Србија, еден гол е посебно „чуден“ (Видео)

Во изминатиов период, српскиот фудбал често знае да биде под „лупата“ на УЕФА поради некои сомнителни мечеви. Најновиот сомнеж за наместен натпревар е од Прва лига (второ по ранг натпреварување во земјата), на дуелот Железничар од Панчево и Тимок од Зајачар.

Домаќините победија со 3:2, а сомнежот е токму на овој меч поради неверојатниот пад на коефициентот за триумф на домаќините. На средбата која се одигра на 16 септември оваа година имало голем број уплати, а „кецот“ постојано се намалувал.

Освен квотите за обложување, сомнежот е и на последниот гол на средбата со кој домаќините победија со 3:2. Тој момент може да го видите на 3:20 минута на снимката.

Голем број уплати имало и на тоа дека домаќините ќе водат на полувреме, кога резултатот беше 2:0 за Железничар. Четворица играчи на Тимок се осомничени дека се дел од организацијата која учествувала во „местење“ на овој дуел.

- Оглас -

Најнови вести