11.8 C
Skopje
четврток, 16 октомври 2025

Повторно вандализиран муралот на Јамал, овојпат му додале седум џуџиња

Муралот изработен од уметникот ТВ Бој посветен на Ламин Јамал во една населба во Барселона, по вторпат е вандализиран, но сега не го ишкртаа како минатиот пат, туку на „суперменот“ од Барса му додадоа седумте џуџиња од приказната за „Снежана и седумте џуџиња“.

Еве како треба да изгледа муралот:

Сега околу Јамал се 7 џуџиња, а причината е јасна, организации за правата на луѓе со проблеми во растот негодуваа што на забавата по повод 18-тиот роденден на фудбалерот на Барса и шпанската репрезентација, имало поканети и џуџиња, наводно за да „придонесат“ журката да биде „поинтересна“. Тие го сметаат потегот за понижувачки за тие луѓе. Автор на додавањето џуџиња е уметникот потпишан како Шредер.

- Оглас -

Најнови вести