Несекојдневна ситуација се случи вчера, за време на ремито од 3-3 меѓу Порденоне и СПАЛ кое се одигра во рамките од третото коло во Серија Б.
Зад стадионот на Порденоне се наоѓа воден парк, кој моментално не е во функција поради пандемијата со корона-вирусот, но еден од тобоганите послужи како трибина.
Неколку фудбалски фанатици се снајдоа како да го проследат мечот во живо, се качија на еден од тобоганите и имаа добра позиција за гледање, со оглед на тоа дека немаат право на влез на трибините од стадионот.