Позајмица на 28 години во Арапските Емирати е чекор назад за рекордното засилување на Вилјареал

Пако Алкасер во јануари 2020 година стана рекордно засилување на Вилјареал по неговиот трансфер од Борусија Дортмунд вреден 23 милиони евра. Две и пол години подоцна, кариерата на шпанскиот напаѓач драстично опадна, па на 28 години заврши во Соединетите Арапски Емирати.

Во претстојната сезона Алкасер ќе игра како позајмен играч во редовите на Ал-Шарјах, потврди Жолтата подморница без да открие детали околу платата и сумата на позајмицата, а познато е дека арапскиот клуб има и опција идното лето да го откупи фудбалерот.

Алкасер не беше константен за Вилјареал поради чести повреди, постигна 21 гол само во 76 настапи, во кои главно беше резервна опција кај тренерот Емери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести