Позајмицата на германскиот талент ќе се претвори во рекорден трансфер за два клуба

Кевин Шаде, талентираниот младински репрезентативец на Германија, е нов фудбалер на Брентфорд и доаѓа во клубот од Лондон како позајмен играч од бундеслигашот Фрајбург.

Двата клуба веќе се договорија и за идните потези што ќе ја кројат судбината на 21-годишниот напаѓач, кој налето ќе ги урне двата клупски рекорди и на Брентфорд и на Фрајбург.

Тогаш треба да потпише петгодишен договор за сума од 25 милиони евра, плус бонуси, со што ќе ги урне трансфер-рекордите и на Брентфорд и на Фрајбург.

 

- Оглас -

Најнови вести