Позаслужено здравје – Де Јонг ја живна Барса, пред да даде гол, имаше велемајсторски потег (Видео)

Лук де Јонг беше моторот на Барселона во првото полувреме и го постигна единствениот гол во првото полувреме на гостувањето кај Мајорка.

Холанѓанецот беше прецизен во 44-тата минута и со удар со глава ја погоди мрежата на домашниот тим.

Погодокот на Де Јонг можете да го погледнете ОВДЕ.

Потегот на првото полувреме се случи претходно, во 29-тата минута и повторно беше во режија на Холанѓанецот.

Со прекрасни ножички од пеналтикот, Де Јонг ја погоди пречката, а потегот беше супер атрактивен. Во претходната акција Лук ја погоди и стативата.

Luuk De Jong great Bicycle kick from soccer

Барселона имаше апсолутна доминација во првото полувреме и посед на топка од 73 отсто.

 

- Оглас -

Најнови вести