15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Пожар во музејот на Мухамед Али во САД

Во музејот на еден од најголемите спортисти на сите времиња, Мохамед Али, во американскиот град Луисвил, избувнал пожар, кој за среќа не предизвикал голема штета. Според раководителот на музејот, ниту еден артефакт од славниот боксер не е оштетен и на време е реагирано.

Пожарот се појавил во соседниот објект, но преку системот за вентилација се проширил и во музејот на Мухамед Али. Најголемата штета ја направил димот кој навлегол во објектот, кој сега ќе биде затворен на неодредено време, се додека не биде санирана штетата.

- Оглас -

Најнови вести