Во пресрет на вечерашниот тренинг, македонските фудбалски репрезентативци беа пречекани од група деца со кои се поздравуваа, се фотографираа и им делеа автограми. Како изгледаше сето тоа, може да видите ТУКА.
„Многу детски насмевки, позитивна енергија на тренингот на нашите златни момци. Идолите на младите генерации го почнуваат походот кон ново големо историско остварување и ново Европско првенство! А најмладите најубаво знаат да ги пречекаат своите ѕвезди, кои кај нив ги предизвикуваат најискрените насмевки.
Напред Македонија!“, напиша на „Фејсбук“ претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.