Шалке 04 – Лајпциг (Сабота, 15. 30 часот)
Тимот од Гелзенкирхен го смени тренерот Тедеско и повторно им се врати на клупата познатиот лик, Хуб Стевенс. Очекувам позитивна шок-терапија и Шалке 04 според мене денеска нема да загуби од Лајпциг, иако гостите се фаворити и се борат за позиции кои водат во Лигата на шампионите.
Предлог тип: 1Х (1.76)
Аугсбург – Хановер (Сабота, 15.30 часот)
Очекувам домаќините да играат офанзивно, со цел да освојат бодови кои многу им значат во битката за опстанок. Играат против една од најслабите одбрани во Бундеслигата, а Аугсбург умее да дава голови.
И Хановер нема веќе можност да калкулира, претпоследни се и заедно со Нирнберг и главни кандидати за испаѓање. И гостите ќе мора да напаѓаат, што ќе им отвори повеќе простор на играчите на Аугсбург за голови. Очекувам најмалку два во мрежата на Хановер, екипа која нема победа на гостински терен на сите 12 меча сезонава.
Предлог тип: Т1 2+ (1.66) Супер тип на Sport Life
Штутгарт – Хофенхајм (Сабота, 15.30 часот)
Бундеслигата полека влегува во завршницата и веќе нема многу простор за калкулации. Штутгарт е во опасната зона и ќе мора да атакува на бодови за евентуален спас, но Хофенхајм е опасна екипа, која знае да ја казни секоја грешка. Имаат амбиции за нов настап во еврокуповите и на нив им требаат бодовите, па очекувам ефикасен меч со најмалку три погодоци.
Предлог тип: 3+ (1.47)
Волфсбург – Фортуна Диселдорф (Сабота, 15.30 часот)
Фортуна доживеа незгоден пораз на домашен терен од Ајнтрахт, загубија со 0:3 и ја прекинаа мини-серијата од две победи.
Уште полошо мина Волфсбург со вистински бродолом кај Баерн и пораз од 0:6, по што застана серијата од четири меча без пораз.
Волците, сепак се подобра екипа, очекувам дополнителен мотив да им биде желбата да се рехабилитираат од високиот пораз против Баерн и уште по првото полувреме да го решат мечот против Фортуна.
Предлог тип: 1-1&2+ (3.45)
Херта – Борусија Дортмунд (Сабота, 18.30 часот)
Очекувам победа на гостите за надминување на кризата и останување во трката за титулата во Бундеслигата. Борусија прокоцка голема предност пред Баерн, па сега мора да победува за да држи чекор со актуелниот шампион.
За нив е добро што го победија Штутгарт во минатото коло, најавија дека кризата е минато и очекувам да го освојат Берлин по пауза од пет години во бундеслигашки меч.
Предлог тип: 2 (2.00)