Позитивни случаи на ковид-19 во Арсенал

Неколку членови на Арсенал се позитивни на корона-вирусот по последните тестирања во клубот, по што Топчиите се откажаа од турнејата во САД, каде што требаше да се подготвуваат во пресрет на новата сезона.

Од таборот на Арсенал не е обелоденето дали се работи за фудбалери или пак тренери кои добиле позитивни тестови, но поради превентивни мерки, екипата ќе биде во самоизолација.

Топчиите требаше да учествуваат во пријателскиот Флорида куп, во кој имаа закажани дуели против Интер, Евертон и Милонариос, кој сега ќе се одржи без тимот на Микел Артета.

- Оглас -

Најнови вести