Позитивни вибрации: Роналдо ќе игра против Барселона?

Јувентус во второто коло ќе ја пречека Барселона во големото дерби во Лигата на шампионите, кое со нетрпение се очекува од моментот кога се формираа групите за новата сезона. Првпат откако Кристијано Роналдо го напушти Реал Мадрид ќе има прилика да се соочи со Лионел Меси и Каталонците, но корона-вирусот попречи да се види тој спектакл.

Сепак, има позитивни шпекулации дека Роналдо ќе биде на теренот за време на мегапресметката која ќе се одвива во Торино поради едно правило во протоколот на УЕФА. Наводно, доколку играчот е позитивен на ковид-19, но не покажува симптоми, односно е асимптоматичен, има дозвола да настапи доколку тестот на денот пред мечот му е негативен.

Роналдо претходно денес ја извести јавноста дека нема симптоми и се чувствува нормално, па од таборот на Јувентус веднаш реагираа и планираат со Роналдо да ја напаѓаат големата Барселона.

Клучен момент ќе биде тестирањето на денот кога треба да се одигра мечот, па доколку е негативен, по подолга пауза, повторно ќе гледаме спектакл меѓу Меси и Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести