Ешли Јанг го продолжи договорот со Манчестер јунајтед и ги следеше стапките на Фил Џонс, кој претходно го стори истото.
Јанг стави потпис до 2020 година, иако во ерата на претходниот тренер Жозе Мурињо, беше меѓу играчите што сакаа да си заминат.
Оле Гунар Солскјер донесе позитивни вибрации во таборот на „црвените ѓаволи“, резултатите се имрпресивни, па сега фудбалерите воопшто не размислуваат за заминување.
Јанг ја игра осмата сезона на „Олд Трафорд“, откако во 2011 година од Астон Вила се пресели во Манчестер јунајтед.