Познат адвокат најавува дека Ѓоковиќ ќе добие дозвола за настап на Австралијан опен

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, наместо да тренира и да се подготвува за освојување на грен-слемот Австралијан опен, седи затворен во соба во хотел со лоши услови, и чека да дојде понеделник, за да дознае дали ќе му биде извоена жалбата и ќе му биде дадена виза за влез во земјата, со што би добил право да игра на Отвореното првенство на Австралија.

Шансите на Ѓоковиќ да заигра на првиот грен-слем годинава постојат.

Според познатиот австралиски адвокат, Џастин Квил, на српскиот тенисер ќе му биде изречено привремено запирање на депортацијата, и тој ќе може да игра на АО, но доколку неговите адвокати докажат дека откажувањето на визата е нелигитимно. Потоа случајот би се растегнал, Ѓоковиќ може и да го загуби правниот спор, но барем ќе остане во Австралија и годинава ќе смее да игра на грен-слемот.

Инаку, Новак ако сака веднаш може да го напушти хотелот и да си оди од Австралија, но тоа би значело дека нема да игра на АО и дека нема да смее да влезе во Австралија во наредните три години.

- Оглас -

Најнови вести