Познат боксер си ја убил жената, па ја фрлил од мост, сега му се заканува смртна казна

Порториканскиот боксер Феликс Вердехо (27) се предал на полицијата, откако беше обвинет дека ја убил својата трудна сопруга. Неговата жена Кејшла Родригез исчезнала во петокот и веднаш била покрената истрага. Еден ден подоцна, нејзиното тело било пронајдено во лагуната. Телото се појавило на површина, а откако било идентификувано, Вердехо решил да се предаде.

Боксерот чиј прекар е „Дијамант“ е обвинет дека прво ја претепал сопругата, а потоа и вбризгал непозната супстанца, ја врзал за бетонски столб. Потоа дури и пукал во сопругата и ја фрлил од мост. Се шпекулира дека Вердехо бил лут поради тоа што неговата сопруга била трудна.

Вердехо кој е и учесник на Олимписки игри, сега се соочува со смртна казна во Порторико.

- Оглас -

Најнови вести