Првото светско клупско првенство на кое ќе учествуваат 32 екипи ќе се одржи 2025 година во САД, одлучи Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Овој настан ќе претставува загревање за главниот спектакл, Светското првенство 2026 година во кое покрај САД, организатори се и Канада и Мексико. Натпреварувањето ќе се одржи во јуни и јули 2025 година, а организаторот треба да ги одреди градовите и стадионите на кои ќе се играат напреварите.
What a massive time to be a soccer fan in the United States.
2024 Copa America ✅
2025 FIFA Club World Cup ✅
2026 FIFA World Cup ✅#AllForCITY, get those presentations dusted off for @stlCITYPARK! We have another bid to win for 2025! https://t.co/d8D8Hdbzi8— Matt Baker (@MattBakerSTL) June 23, 2023
На првото Светско клупско првенство од овој формат, ќе учествуваат 12 екипи од Европа, од кои сигурни се последните тројца победници во Лигата на шампионите, Манчестер сити, Реал Мадрид и Челси, додека останатите екипи ќе бидат одредени според коефициентот.
Јужна Америка ќе има шест екипи, а по четири ќе имаат Азија, Африка, Средна и Северна Америка, Океанија ќе има една, а последното место е за организаторот.
Покрај Манчестер сити, Реал Мадрид и Челси, сигурен настап обезбедија и Ал-Хилал (Саудиска Арабија), Урава (Јапонија), Ал-Ахли (Египет), Видад Казабланка (Мароко), Монтереј (Мексико), Сиетл (САД), Клуб Леон (Мексико), Палмеираш (Бразил) и Фламенго (Бразил).