Кжиштоф Пјонтек би можел да го облече дресот на Милан и да биде прва напаѓачка опција на „росонерите“ откако ќе се разделат со Гонзало Игуаин, кој е пред заминување во Челзи. Полјакот Пјонтек како играч на Џенова, сезонава даде 13 гола и тој е зад лидерот Кристијано Роналдо на второто место на листата на стрелци во италијанската Серија А.
Карактеристиките на Пјонтек се поклопуваат со желбите на Милан за тип на напаѓач каков што сака клубот да ангажира. Џенова го купи Полјакот за само 4, а сега нема да го продаде за помалку од 60 милиони евра.
На Милан нема да му бидат проблем парите, но може да има и силна конкуренција. Ако остане без Мауро Икарди, и Интер би сакал да го купи Пјонтек, па и Јувентус би го земал, во случај да си замине Марио Манџукиќ. Сепак, во Милан би бил главен напаѓач и тоа може да пресуди околу одлуката каде да ја продолжи кариерата.