Националниот фудбалски стадион во Зеленортските Острови во иднина ќе го носи името по неодамна починатата фудбалска легенда, Едсон Арантес до Насименто Пеле, изјави премиерот на оваа земја, Улисес Кореја е Силва.
Капацитетот на стадионот е 15.000 столчиња и се наоѓа во главниот град Праија и ќе се преименува во Пеле бидејќи премиерот Кореја е Силва го прифатил предлогот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, секоја земја на светот барем еден стадион да го носи името на легендарниот Бразилец.
EL ESTADIO NACIONAL DE CABO VERDE LLEVARÁ EL NOMBRE DE PELÉ EN FORMA DE HOMENAJE https://t.co/Svbum9r1iO pic.twitter.com/SnDp8MAMeD
— Jonathan Leo Abad (@LeoAbadSports) January 4, 2023
„Како чин на оддавање почит, имаме намера нашиот национален стадион да го преименуваме во „стадион Пеле“ како дел од инцијативата која ќе ја следат и другите земји ширум светот. Зеленортските Острови и Бразил имаат историја и култура кои одат рака под рака имајќи предвид дека станува збор за две сестрински држави кои се поврзани со јазикот и други слични работи. Пеле беше и ќе остане симбол на Бразил, а во нашата земја во која се зборува португалски беше идол на многу генерации“, соопшти премиерот Кореја е Силва.