ИХФ смени два термини за претстојните мечеви на Македонија на ракометното СП

По завршувањето на сите натпревари од групата Д на Светското ракометно првенство, јасно е дека македонскиот национален тим во следната фаза ќе стартува од петто место во група со шест тима. Сите мечеви ќе се играат во Арена Вараждин.

Прв следен противник ќе ни биде Австрија во вторник од 15.30 часот. Потоа в четврток се среќаваме со Катар истотака од 15.30, и на крај в сабота 25-ти јануари со Франција од 20.30. За првите два меча ИХФ ги смени термините.

Уште има теоретски шанси за пласман во четвртфиналето, но ќе ни треба чудо за да успееме да се најдеме на некое од првите две места.

Пренесуваме еден бод, а ако ја победиме Австрија, би ги прескокнале на табелата, можеби и Унгарија која е втора во моментов зад Франција и со два бода повеќе од Македонија.

- Оглас -

Најнови вести