Со денешното 22-ро коло заврши вториот круг од Првата фудбалската лига и претстојниот викенд ќе започне последниот, трет круг од 11 кола, по кој ќе бидат познати шампионот, патниците во европските квалификаците и кои екипи ќе се преселат во Втората лига.
Од лидерската позиција ќе стартува Струга ТЛ, која со денешната победа над Македонија ЃП (2:1) го прескокна Шкупи (0:0 против Брегалница) на табелата, а Фудбалската федерација на Македонија ги одреди двојките за последните 11 кола според Бергеровиот систем.
Двојки за 23-то коло во ПМФЛ (недела):
Струга Трим Лум – Брера
Шкупи – Работнички
Шкендија – Воска Спорт
Гостивар – Вардар
Тиквеш – Брегалница
Силекс – Македонија ЃП
Според календарот, последното 33-то коло од Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра на 19 мај и во него една против друга ќе играат најдобрите две екипи, Струга ТЛ и Шкупи.