Вардар и Шкендија во моментов се на првата и на втората позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига и според резултатите пролетва, ќе ја водат главната битка за шампионската титула.
Скопските „црвено-црни“ имаат шест бода предност пред тетовските „црвено-црни“, а до крајот на вториот круг има уште три кола. Фудбалската федерација на Македонија ги утврди термините за наредните три кола, а во 21-вото коло играат токму Вардар и Шкендија.
Мечот е закажан за петти март на Национаната арена во Скопје, со почеток во 14 часот. Со оглед дека петти март е четврток, сигурно дека навивачите, но и љубителите на фудбалот, нема да бидат задоволни од терминот.




