Познат е терминот за одлучувачкиот натпревар во Мадрид

Екипата на Реал Мадрид во иста мера му врати на Партизан и со две победи во Белград ја израмни серијата на 2-2 и сега патникот на фајнфор-турнирот од Евролигата ќе биде одлучен на петтиот натпревар кој ќе се одигра во Мадрид.

Дуелот е закажан за следната среда, 10 мај, со почеток во 21 часот.

Партизан покажа дека подобро игра на гостински терен и ги доби двата дуела во Мадрид, а третиот натпревар во главниот град на Шпанија ќе биде и одлучувачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести