Познат фудбалер ѝ нудел 100.000 евра на Алиша Леман за една вечер со неа

Една од најубавите фудбалерки, Швајцарката Алиша Леман, добила непристоен предлог од една машка фудбалска ѕвезда.

Летоска додека била во еден ноќен клуб во Мајами, Леман добила понуда од многу познат фудбалер кој не го познава лично, но го имала сретнато на забава на која биле присутни двајцата.

Откако Алиша не му одговарала, фудбалерот им пратил нова порака на Алиша и на нејзиниот телохранител, а пораката гласела: „Ќе платам 100.000 евра за една ноќ со неа“.

Леман не дала одговор и без размислување го одбила предлогот. Таа не го кажува името на фудбалерот, но уште ги чува пораките како доказ.

- Оглас -

Најнови вести