Бизарна ситуација се случи на мечот помеѓу Депортиво Ристре и Велес од аргентинското првенство откако за домашната екипа дебитираше познатиот јутјубер Иван Бухајерук, или познат како Сприн.
Аргентинскиот јутјубер има 5,4 милиони следачи на „Инстаграм“ и 7,75 милиони на Јутјуб. Неговото деби е отценето како маркетиншки потег, но негодување кај спортската јавност предизвика потегот на тренерот, кој го замени уште во првата минута.
Ваквиот потег беше отценет како срам за аргентинскиот фудбал, а измената како најбрза во историјата на аргентинскиот фудбал.
Spreen best skills – Riestra vs Vélez 2024 pic.twitter.com/NUSvZ29AlD
— Marcos (@marcosquintanna) November 11, 2024