Ноа Лајлс е еден од најбрзите луѓе на светот. Американскиот атлетичар е сопственик на 12-то најбрзо време на 100 метри (9.79 секунди) и трето најбрзо време на 200 метри (19.31 секунда). Тој е актуелен светски и олимписки шампион на истата делница, како и бронзен медалист на 200 метри. Сите овие успеси не го обесхрабрија јутјуберот и инфлуенсер Дарен Воткинс (19), познат под прекарот IShowSpeed, да го предизвика на трка од 50 метри.
Лајлс и IShowSpeed се обложија во 100.000 долари. Лајлс, како што се очекуваше, победи, а парите беа наменети за хуманитарни цели. Како што се гледа на снимката, IShowSpeed во дел од трката беше блиску до славниот Американец, што ги изненади фановите на социјалните мрежи.
„Фактот дека Speed дојде блиску до победата сам по себе е лудост“, „Лајлс не го сфати сериозно додека не виде колку е брз“, „Има повеќе атлетски способности од многу професионални атлетичари“, „Speed треба да биде професионален атлетичар“, пишуваат дел од фановите на мрежата „X“, додека некои сметаат дека Лајлс не трчал со полн капацитет.
IShowSpeed really kept up with the fastest man alive, Noah Lyles 👀 🔥 pic.twitter.com/Wphl68C4ca
— Speedy Updates (@SpeedUpdates1) November 7, 2024
IShowSpeed прво тврдеше дека во исто време поминале низ целта, но потоа провериле на снимка. Инфлуенсерот, кого на платформата Twitch го следат 33 милиони луѓе, побара реванш, но Лајлс го одби и му понуди да тренираат заедно.
„Треба да вежбаш со мене, а потоа на крајот на неделата повторно да се тркаме. Тогаш ќе бидеш побрз, ќе знаеш што треба да правиш, ќе имаш техника и тогаш ќе можеме да направиме вистинска машка трка на 100 метри“, му рече Лајлс на Воткинс.
Светските рекорди од 2009 година на 100 метри и на 200 метри ги држи недостижниот Јамајканец, Јусеин Болт. На 100 метри има рекорд од 9.58 секунди, а на 200 метри рекордот изнесува 19.19 секунди.