Познат првиот четвртфинален пар во ЛШ, а Ливерпул и ПСЖ одат во продолженија

Баерн Минхен и Интер потврдија дека се подобри од Баер Леверкузен односно Феенорд, па Баварците и Нераѕурите ќе си ги одмерат силите во четвртфиналето на Лигата на шампионите и тоа е првата позната четвртфинална двојка.

Баерн славеше во Леверкузен со 2-0 и со вкупни 5-0 ги елиминираше Фармацевтите, додека Интер победи 2-1 и со вкупни 4-1 оди понатаму. Инаку, за првпат се случи на еден елиминациски меч на Интер во ЛШ, судијата да досуди пенали за двата тима.

Ливерпул и ПСЖ ќе играат дополнителни 30 минути за да се обидат да решат кој оди понатаму. Парижаните победија со 1-0, ова е прв пораз на Црвените дома од септември наваму, но двата тима со поеднакви шанси влегуваат во екстра периодот. Ливерпул никогаш не бил елиминиран кога победил на гости на првиот меч во Европа, имало 39 такви случаи, но 40-тиот може да биде кобен по нив, а можеби и традицијата ќе продолжи.

- Оглас -

Најнови вести