Познат првиот полуфиналист на Отвореното првенство на САД

Александер Зверев ќе игра во полуфиналето на Отвореното првенство на САД откако вечерва со 3:1 во сетови го победи Борна Чориќ од Хрватска. Зверев, како седморангиран на АТП-листата, беше фаворит на овој меч, а тоа го потврди и со играта на теренот.

Чориќ започна фантастично и со 6:1 го доби првиот сет, но потоа Зверев заигра подобро. Во следните два сета мораше да се игра тај-брејк, а на двапати Зверев беше подобар со 7:5 и 7:1, па го сверте резултатот во своја корист за 2:1 во сетови. Во четвриот сет, германскиот тенисер успеа да направи еден брејк и тоа беше доволно за да го добие со 6:3 и по точно три и пол часа, да се радува на пласман во полуфинале на овој гренслем.

Доцна вечерва се игра второто четвртфинале меѓу Карено Буста и Шаповалов, додека утре треба да бидат познати и останатите двајца патници во полуфиналето, а двојките се: Рублев – Медведев и Де Минаур – Тим.

 

- Оглас -

Најнови вести