Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го одреди тимот со кој Рисовите вечерва (20.45 часот) против Малта ќе ги започнат квалификациите за ЕП 2024, но во него го нема Аријан Адеми, кој заработи повреда на последниот тренинг пред натпреварот.
Милевски одлучи местото на Адеми во првиот тим да го заземе Јани Атанасов, а од правата минута офанзивно ќе се тргне кон голот на Малта.
Нападот ќе го предводат Александар Трајковски и Бојан Миовски, а во средниот ред, покрај Атанасов, ќе бидат Енис Барди и Елиф Елмас.
На голот ќе биде Столе Димитриевски, а стоперската тројка ќе ја сочинуваат Велковски, Муслиу и Зајков, додека по страничните позиции ќе делуваат Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски.