Познат тренер е прв фаворит за селектор на Бразил, но тоа нема да му се допадне на Нејмар

По дебаклот од Аргентина и поразот од 4-1, репрезентацијата на Бразил остана без селектор, откако отказ доби Доривал Жуниор. Многу имиња беа во комбинација за нов селектор на Кариоките, а еден од нив беше и поранешниот предводник Тите, кој беше селектор во периодот од 2016 до 2022 година.

Фудбалерите отворено навиваат за Тите, но Фудбалскиот сојуз на Бразил има други планови. Според пишувањата на медиумите во оваа земја, прв кандидат за нов селектор е тренерот на Ал-Хилал од Саудиска Арабија, Жорж Жесус, што во никој случај нема да му се допадне на Нејмар.

Бразилецот додека играше под палката на Жесус во Саудиска Арабија, беше под постојан удар на критики од тренерот, кој го спореше неговиот квалитет, а неизбежен дел беа и кавгите.

Фудбалскиот сојуз на Бразил е подготвен да плати 2,5 милиони евра обесштетување за Жесус, кој би седнал на селекторското столче во мај годинава, а би добил договор до крајот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

- Оглас -

Најнови вести