35.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Познат велосипедист на жена ѝ грабна транспарент од картон, и го искористи за да… (Видео)

Неверојатна сцена се случи за време на вчерашната етапа на велосипедската трка Тур д’Франс кога францускиот велосипедист Жилиен Алафилип искина картонски постер од рацете на жена која стоеше покрај патеката.

Сето тоа се случи за време на искачувањето по славнит Турмале, а навивачката беше шокирана кога Алафилип одеднаш го зеде транспарентот.

Алафилип, кој вози за тимот Тудор, го искористи картонот за да се заштити од студот. Го стави под дресот за да се стопли, бидејќи температурата беше екстремно ниска во некои делови од тркачката рута со дожд и ветер. Генијален чин за борба против студената клима на француските планини.

Неколку километри подоцна, кога заврши искачувањето, францускиот велосипедист се извини за постапката и го вратил парчето картон:

„Сакам да ѝ се извинам на дамата што ѝ го зедов картонот“.

- Оглас -

Најнови вести