29.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Познат „возниот ред“ на Вардар во ЛЕ: За почеток и за крај во „Јане Сандански“

Европската ракометна федерација, ЕХФ, и официјално го објави распоредот на натпреварите за групната фаза од Лигата на Европа. Вардар се најде во група со Кристијанстад, Тулуз и победникот од дуелот на хрватскте екипи Дуго село и Сесвете.

„Црвено-црните“ на 14-ти октомври започнуваат на домашен терен токму со една од хрватските екипи, а една седмица подоцна ќе му гостуваат на француски Тулуз.

Следуваат 20-тина дена пауза во Лигата на Европа, а потоа и четири натпревари по ред. На 11-ти ноември Вардар ќе го пречека Кристијанстад, а една седмица подоцна ќе гостува на истата екипа. Следува гостување во Хрватска, а на последниот меч од групната фаза, Вардар ќе го пречека Тулуз на втори декември.

Македонија може да има и втор претставник во групната фаза од второто по ранг европско ракометно натпреварување, но тоа ќе се случи само ако Алкалоид успее во квалификациите да го елиминира германски Хановер.

- Оглас -

Најнови вести