Позната атлетичарка била полиена со бензин и запалена од нејзиното момче!

Ребека Чептегеј, атлетичарка од Уганда, примена е со тешки повреди на лекување во Кенија откако најпрво била полиена со бензин, а потоа и запалена од страна на нејзиното момче. Таа е примена во болница со изгореници на 75 % од телото, а со повреди на лекување е примено и нејзиното момче Диксон Ндиема.

Според информациите од Кенија, причината за инцидентот била кавга помеѓу парот за земјиште кое атлетичарката го купила во оваа земја.

Атлетичарката од Уганда учествуваше и на Олимписките игри во Париз и го освои 44-тото место во дисциплината маратон.

- Оглас -

Најнови вести