Велс ја победи Унгарија со 2:0 и тоа беше доволно за големо славење на домашните фудбалери и навивачите. Со овој триумф, Велс е последната селекција која си обезбеди место на завршницата на Европското првенство 2020 година преку квалификациите.
Арон Ремзи е херојот на Велшаните. Тој ги постигна двата гола, по еден во двете полувремиња. Ремзи погоди во 15-тата минута, а за 2:0 погоди на почетокот на второто полувреме. Со овие три бода, Велс заврши како второпласиран во групата Е со 14 бодови, пред Словачка со 13 и Унгарија со 12 бодови. Уште од претходно беше јасно дека Хрватска е прва со 17 бодови.
Во останатите мечеви кои се играат вечерва, со кои се комплетираа квалификациите за ЕП, постигнати се следните резултати: Белгија – Кипар 6:1, Летонија – Австрија 1:0, Холандија – Естонија 5:0, Германија – Северна Ирска 6:1, Полска – Словенија 3:2, Сан Марино – Русија 0:5, Македонија – Израел 1:0, Словачка – Азербејџан 2:0, Шкотска – Казахстан 3:1.