Позната е причината поради која Покетино го извади Меси од игра (ФОТО)

Голема прашина крена Маурисио Покетино откако одлучи да го смени Лео Меси и да го стави на клупа во 76-тата минута од натпреварот со Лион. Аргентинскиот стратег иако, според многумина, направи нелогична одлука вметнувајќи го Ашраф Хакими, сепак имал добра причина за да го стори тоа.

Меси имал мала повреда над левото колено и беше изваден по совет на медицинскиот тим на Светците, кои во неколку наврати во вториот дел забележале дека движењата на фудбалската икона не се како што треба. Ваквиот проблем Лео го имал уште од минатиот месец, кога настапуваше за својата репрезентација.

Тој денеска ќе има консултации со медицинскиот тим на ПСЖ и според одредени информации, можно е да одмара еден до два натпревари со цел подобро да биде подготвен за остатокот од сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести