Позната е причината поради којашто Баерн Минхен го одби Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо летово преку својот агент Жорж Мендеш беше понуден на неколку европски клубови, но на крајот остана во Манчестер јунајтед.

Португалецот добива мала минутажа кај Ерик тен Хаг, а спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, ја откри причината зошто тие го одбиле Роналдо.

„Кристијано е феноменален фудбалер и во светот речиси и да нема подобри од него. Но, ние имаме формиран тим со осум поливалентни фудбалери коишто можат да играат на четири различни позиции. Имаме голем респект за него, но нашите планови се поразлични“, изјави популарниот Брацо.

- Оглас -

Најнови вести