Најпознатиот екстремен спортист во светот, Феликс Баумгартнер, во четвртокот трагично го загуби животот, откако со неговиот параглајдер падна во базен на хотел во приморскиот италијански град, Порто Сант Елпидио.
Иако спасувачите и болничарите експресно реагирале, сепак, за Баумгартнер немало спас. Италијанските истражни власти сега се сомневаат дека причината за падот на параглајдерот била камерата која била поставена. Сомнежите се дека камерата се откачила за време на летот и удрила во перките, по што Баумгартнер изгубил контрола над леталото.
Баумгартнер ќе остане запаметен по скокот од стратосферата во 2012 година, што се смета за еден од најголемите подвизи направени од човек.