Челниците на Јувентус одлучија Масимилијано Алегри и следната сезона да ја води екипата. Оваа вест ја потврди генералниот менаџер на Старата дама, Маурицио Сканавино.
„Можеме да потврдиме дека позицијата на Масимилијано Алегри никогаш не била доведена во прашање, ниту неговата работа била загрозена. Имаме долгогодишни планови во кои го гледаме и Алегри во нив“, изјави Сканавино.
Јувентус поради одземањето десет бода поради финансиски малверзации, сезоната наместо на второто место, ја заврши на седмото и летово ќе игра во квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на конференции.