Позната е судбината на судиите кои го оштетија Ливерпул

Големи контроверзи предизвика премиерлигашкиот натпревар помеѓу Тотенхем и Ливерпул, на кој Црвените загубија со 2-1, но откако им беше поништен регуларен погодок на 0-0 во 34-тата минута.

Луис Дијас биеше прецизен, но главниот судија во соработка со ВАР го поништија голот поради наводен офсајд, но на крајот се покажа дека фудбалерот на Ливерпул бил во дозволена позиција.

Најголема вина му се препишува на ВАР-судијата Дарен Ингланд, кој заработи казна со забрана да му суди на Ливерпул до крајот на сезоната. Ова е најмалку што можеше да направи судиската организација, но навивачите на Црвените се разочарани бидејќи очекуваа отказ за судијата.

Во Ливерпул сè уште се разгледува идејата за поднесување на официјална жалба и евентуално преигрување на натпреварот бидејќи тоа го дозволуваат правилата во Англија.

- Оглас -

Најнови вести