Позната е судбината на Тен Хаг во Манчестер јунајтед

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави дека имал позитивен разговор со сер Џим Ретклиф, кој неодамна купи 25 отсто од акциите на клубот и ќе биде главен за фудбалски операции.

Ретклиф го посетил тренинг-центарот во Карингтон и разговарал со Тен Хаг, кој се наоѓа на удар на навивачите на Јунајтед, но и на медиумите поради слабите резултати на екипата сезонава, но според неговите зборови, тој останува на клупата на Црвените ѓаволи.

„Сè беше многу позитивно. Имавме долг состанок, многу часа седевме заедно и за многу прашања го делиме истото мислење. Тоа беше конструктивен состанок и се радуваме што ќе соработуваме“, изјави Тен Хаг.

Манчестер јунајтед по 20 одиграни кола во Премиер лигата, се наоѓа на осмото место на табелата со 31 освоен бод, дури 14 помалку од лидерот Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести