Позната е тежината на повредата на фудбалерот кој беше повреден од страна на Марсело

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, а сега на бразилски Флуминесе, Марсело, го направи еден од најтешките стартови во историјата на фудбалот. Иако немаше никаква намера да го повреди својот противник, сепак тој се здоби со тешка скршеница на ногата, односно дислокација на коленото и ќе мора да биде опериран.

Од неговиот клуб, Аргентинос Јуниор, објавија дека фудбалерот ќе паузира помеѓу 8 и 12 месеци.

Веднаш после натпреварот и самиот Марсело се огласи на социјалните мрежи. Тој напиша:

– “Денес го доживеав најтешкиот момент на теренот. Без никаква намера го повредив колегата фудбалер. Лучијано Санчес, ти посакувам брзо опоравување и сета сила на светот.“

- Оглас -

Најнови вести