Позната е цената на билетите за последниот квалификациски меч – Чекаме чудо од Исланд во Букурешт, па победа против Рибарите за бараж

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на билетите за последниот меч на нашата репрезентација против Исланд на домашен терен и тие чинат 150 и 300 денари.

Мечот е последен за двете селекции во квалификацискито циклус за настап на Мундијалот во Катар и ќе се игра на 14. ноември во Скопје од 18 часот.

Стандардно ќе се продаваат преку продажната мрежа на „Мк Тикетс“, а како што сега стојат работите повторно ќе биде дозволен 50 посто од капацитетот на наципналната арена „Тодор Проески“, односно во продажба ќе бидат околу 16 илјади влезници.

За да се продолжат надежите за настап на прво Светско првенство ќе ни треба помош токму од Исланд, кој ќе и гостува на Романија три дена претходно и не смее да загуби, ако Македонија сака да игра во баражите.

Секако тоа би значело шанса за нас со победи во Ереван против Ерменија на 11. номеври и со триумф против Исланд на домашен терен на 14. номември да го фати последниот воз за настап во бараж дуелите за пласман на СП во Катар.

Германија веќе се пласираше на Мундијалот од нашата група, а битка за второто место ќе бијат Романија која е фаворит и има 13 бода, а и останаа мечевите со Исланд дома и со Лихтенштајн на гости.

Македонија и Ерменија имаат по 12 бода и меѓусебен меч во Ереван на 11. номеври. Потоа во последното коло Македонија ќе му биде домаќин на Исланд, а Ерменците ќе играат дома со Германија.

ФФМ денеска одлучи и мечот на младата репрезентација на Македонија против Франција на 16. ноември да се игра на националната арена „Тодор Проески“. Билетите за тој меч се по цена од 100, 150 и 200 денари, а натпреварот ќе се игра од 18.30 часот.

Женската репрезентација на Македонија за четири дена ќе игра со Луксембург во Охрид во меч од четвртото коло за настап на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести