Некогашниот европски и италијански првак Интер ќе игра против Ајнтрахт во осминафиналето од Лигата на Европа, одлучи ждрепката која предмалку заврши во Нион. Покрај овој меч, во оваа фаза од второто по ранг натпреварување на УЕФА, ќе се сретнат:
Челзи – Динамо Киев
Динамо Загреб – Бенфика
Наполи – Салцбург
Валенсија – Краснодар
Севилја – Славија Прага
Арсенал – Рен
Зенит – Вилјареал
Првите мечеви во осминафиналето се закажани за 7-ми март, а реванш-дуелите се една недела подоцна, односно на 14-ти март. Финалето ќе се игра на Олимпискиот стадион во Баку на 29 мај.