29.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Познато е кои клубови добиле поканата да бидат дел од европската Премиер лига

Светската фудбалска федерација во соработка со големите европски клубови започнала проект за формирање на европска Премиер лига. Додека ФИФА дава поддршка за вакво првенство, од Европската фудбалска куќа (УЕФА) дојде остра реакција дека се контра ваквата идеја.

Планот е дека новата лига треба да стартува во 2022 година, а тоа би значело и крај на сегашната Лига на шампиони. Најголем дел од европските гиганти прифатиле да бидат дел од оваа лига, која би требало да има 16 или 18 клубови.

Според најавите, на листата на клубови на кои им било понудено место да бидат дел од новоформирана европска Премиер лига се: Ливерпул, Манчестер јунајтед, Арсенал, Челзи, Манчестер сити и Тотенхем од Англија, потоа Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид од Примера дивисион, како и ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен.

Од УЕФА веднаш испратија соопштение со кое најостро ја осудуваат идејата за формирање на оваа лига.

„Претседателот на УЕФА веќе неколку пати потенцираше дека е против формирање на Суперлига. Принцип на солидарност, пласманот, испаѓањето и отворена лига, тоа е што ја прави Лигата на шампионите најдобро натпреварување во светот. УЕФА и клубовите се посветени на тоа да не се уништи ЛШ со создавање на Суперлигата, без разлика дали ќе има 10, 12 или дури 24 екипи. Со таков принцип на лигашки дел, кога-тогаш таа лига ќе стане досадна“, стои во соопштението на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести