32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Познати европски екипи се во Топ 10 по бројот на досудени пенали на светско ниво!

Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) објави интересни статистички податоци околу тоа кои се клубовите кои најчесто добивале пенали во периодот од јануари 2020 година до април 2023 година. Во ова истражување земени се податоци од најсилните 75 фудбалски лиги во светот.

Податоците се однесуваат само на мечевите одиграни во националните првенства, а лидер на оваа листа е тимот на Хередијано од Костарика. Во овие малку повеќе од три години, во корист на Хередијано биле досудени 44 пенали.

Веднаш зад Хередијано е Хајдук од Сплит и египетскиот гигант Замалек со по 43 пенали во нивна корист. Место меѓу клубовите со најмногу добиени пенали во домашните првенства се и Фенербахче (41), Порто (41), Депортиво Кали (40), Ал-Наср (39), Галатасарај (38), Паок (38) и Ал-Хилал со 38 пенали во нивна корист.

 

- Оглас -

Најнови вести