Познати квотите за дуелот Романија – Македонија: Ако верувате во нашите фудбалери, може одлично да заработите во Sport Life

Македонската фудбалска репрезентација в четврток ќе гостува кај Романија во првиот меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Романија е противник против кого досега сме играле пет пати, а билансот ни е негативен.

Романија има четири победи, а Македонија само еднаш се радувала и тоа на последниот меч, одигран во 2010 година, кога победивме со 1:0, благодарение на голот на Ванче Шиков. Фактот дека има повеќе од 10 години кога последен пат играле меѓусебе, двете селекции се во речиси комплетно нови состави и традицијата не треба да игра многу улога.

Нашите фудбалери се полни со самодоверба и по пласманот на Европското првенство, сега е на ред да се брка и првото учество на планетарните собири. Македонија во последните 10 меча има само еден пораз, што треба да е доказ плус дека Пандев и другарите не се научени на неуспеси.

Sport Life ги извади коефициентите за дуелот Романија – Македонија, а нашата репрезентација е во улога на аутсајдер. За победа на Романија, коефициентот е 1.71, ремито „вреди“ 3.45, а квотата за триумф на Македонија на гости е 5.80, што е одлична за сите оние кои веруваат во силите на македонските фудбалери!

Освен коефициенти за Романија – Македонија, во Sport Life веќе е комплетирана понудата од 25 меча во европските квалификации за пласман на Светското првенство

 

- Оглас -

Најнови вести