Македонските клубови ги добија можните ривали за попладневната ждрепка за европските купови.
Во првото квалификациски коло од Конференциската лига ќе имаме три претставника, и тоа Вардар, Работнички и Силекс. Ждрепката е од 16 часот.
Вардар може да се падне со Дуделанж од Луксембург како најнезгоден ривал, а другите три опции му се словенечкиот Копер, Сутјеска од Црна Гора и Ла Фјорита од Сан Марино.
Силекс ќе оди на Дечиќ (Црна Гора), Петроклуб (Романија) или Ордабаси (Казахстан), а Работнички може да се падне со Дила Гори (Грузија), Пјуник (Ерменија), Торпедо Белаз (Белорусија) или Борац Бања Лука (БиХ).
Првакот Шкендија во 14 часот ќе дознае дали прва пречка во квалификациите за ЛШ ќе им биде Малме (Шведска), Жалгирис (Литванија), РФС (Летонија), КуПС Куопио (Финска) или ТНС од Велс.