Познати паровите на новото коло: Лондонското дерби во фокусот

Десет погодоци беше максималниот ефект во 15-тото коло на Спортска прогноза кое се комплетираше синоќа, што значи дека мобилниот телефон „ајфон 11“ уште го очекува својот нов сопственик. Иако во Шпанија, Италија, Германија и Франција следува кратка зимска пауза, возбудувањата на Спортска прогноза продолжуваат.

Во Англија се игра редовно коло, а во фокусот ќе биде лондонското дерби меѓу Арсенал и Челзи. По 14 одиграни меча, Челзи има 25 бода, дури 11 повеќе од Арсенал, кој игра очајно. Сепак, кога се работи за градско дерби, победникот предвреме никако не може да биде познат.

Освен дуелите во Премиер лигата, викендов се играат мечеви и во Белгија, Турција, Шкотска, па ова коло ќе биде посебно интересно да се истипуваат понудените 13 меча. Мобилниот телефон „ајфон 11“ уште го чека својот сопственик, прогнозерот кој ќе погоди Среќна 13-ка, односно ќе има максимален број погодени фиксови во тековното коло.

Подароци има и за 12 и 11 погодоци, а тоа се вредносни ваучери од по 1.000 и 500 денари во Sport Life. Новите 13 парови на бесплатната игра веќе се познати, затоа не чекајте многу и прогнозирајте!

- Оглас -

Најнови вести