27.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Познати паровите во осминафиналето од СП до 20 години

Со денешните последни четири натпревари од групната фаза на Светското првенство за играчи до 20 години, се добија сите учесници во првата нокаут фаза.

Панама направи историски успех по победата од 2-1 над Саудиска Арабија и како третопласирана од групата Е со четири бода, ќе игра во осминафиналето каде за противник ќе им биде селекцијата на Украина. Домаќинот Полска ќе се соочи со Италија, додека се очекува интересна пресметка меѓу САД и Франција.

Најтрофејната селекција во ова натпреварување, Аргентина, сили ќе ги одмери со Мали, Уругвај ќе игра против Еквадор, Колумбија ќе биде противник на Нов Зеланд. Азиски дуел носи парот Јапонија и Јужна Кореја, додека ждрепката сакаше да ги спои африканските селекции на Сенегал и Нигерија.

Третопласираните репрезентации кои извисија се Португалија и Норвешка. Португалија вечерва ремизираше со Јужна Кореја при конечни 1-1, а послабата гол-разлика не беше доволно иако освоија четири бода. Залуден беше рекордниот триумф од 12-0 на Норвешка против Хондурас, бидејќи тие се единствената репрезентација од третопласираните која освои само три бода.

Осминафинале СП до 20 години:

Италија – Полска (2 јуни, 17:30 часот), Колумбија – Нов Зеланд (2 јуни, 20:30 часот), Уругвај – Еквадор (3 јуни, 17:30 часот), Панама – Украина (3 јуни, 17:30 часот), Сенегал – Нигерија (3 јуни, 20:30 часот), Јапонија – Јужна Кореја (4 јуни, 17:30 часот), Франција – САД (4 јуни, 17:30 часот), Аргентина – Мали (4 јуни, 20:30 часот).

- Оглас -

Најнови вести